-->
-->
МЗШВ: Забрана за целосно движење во шумите
-->

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство забранува целосно движење во шумите, без оглед на нивната намена. Забраната започнува да важи од 5 август годинава и ќе трае се до нејзино отповикување.
Оваа забрана, како што соопшти денеска МЗШВ, не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (национални паркови, парк шуми, шуми со специјална намена, споменици на природата и сл).
За непочитување на одредбите од Законот за шумите, на физички лица кои се затекнати да се движат во шума ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност, согласно член 106 од Законот за шумите.
Исто така, се известуваат сите граѓани на Република Македонија дека е забрането палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, согласно Законот за ловството и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.
За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите
-
Русија: Мировните преговори со Украина се паузирани
-
Орбан: Полјаците се до гуша во војна
-
Ангелов: Криминалистичка полиција влезе во ЈП „Дрисла“ за утврдување евентуално учество од внатре во подметнување на пожарот
-
Трамп: Осомничениот за убиството на Чарли Кирк е уапсен
-
На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ уапсена 46-годишна жена барана со потерница
-
Дурмиши: Растот на минимална плата треба да се одреди од економскиот развој, продуктивноста и трошокот за живот