-->
-->
МЗШВ: Интервентна субвенција од четири денари за предадени домати во преработувачки капацитети
-->

Како што соопшти Министерството, на овој начин со постоечката дополнителна субвенција за предаден зеленчук во преработувачки капацитети од три денари за килограм, производителите на домати ќе добијат вкупно седум денари субвенција за предадени домати во регистрирани преработувачки капацитети. Одлуката се очекува да биде донесена следната недела на седница на Влада.
Ваквата одлука ќе важи за сите земјоделци кои ќе го предадат доматот во преработувачките капацитети до 15 јули годинава.
Според МЗШВ, оваа интервентна субвенција од четири денари за килограм домат предаден во регистрирани преработувачки капацитети ќе овозможи стабилизирање на пазарот со откупот на домати во овој период до 15.07.2018 година.
Тимови од МЗШВ, се додава, изминатиов период беа секојдневно на терен и во комуникација со земјоделците, откупувачите и преработувачите со цел да се најде соодветно решение, а за таа цел Министерството стапило во контакт со преработувачите кои покажале интерес за откуп на вишокот домати.
Причината за проблемот со откупот на домати, како што се оценува, е поради тоа што во овој период расте понудата на традиционални пазари за извоз од тамошните производители, што влијае врз отежнување на откупот на македонските домати.
Од МЗШВ најавуваат дека и во следниот период ќе го следат откупот на домати и ќе делуваат континуирано во делот на интервенциите и решавање на проблемите во земјоделството, тогаш кога ќе биде потребно. Во меѓувреме, посочуваат, интензивно работат и на отворање нови пазари за македонските земјоделски производи, за што уште пред неколку месеци е испратен допис до сите конзуларни канцеларии и до амбасадорите да помогнат во тоа
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ѓорѓиевски во првите 72 часа ќе го исчисти сметот во Скопје, одговорност ќе има со име и презиме
-
Пешак потешко повреден на патот Струмица - ГП Ново Село
-
Кривична пријава за двајца дебрани за намерно предизвикување пожар во градски парк
-
Хаос во Собранието на Заечар при одржување седница, фрлена чадна бомба и употребен бибер-спреј
-
Стопанска комора: Кардиолозите и бизнисмените заедно против срцевата слабост
-
ДИК ќе одржи ждрепка за утврдување на единствена листа на кандидати залокалните избори 2025
-
Македонската гордост во Австралија - Престон Лајонс на гости во Македонија
-
ЕУ и САД заеднички ќе работат на враќање на украинските исчезнати деца