МЗШВ: До 30 јуни ќе се продолжи рокот за аплицирање за земјоделски субвенции
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека до Владата е доставено барање за измена на Програмата и Уредбата за финансиска поддршка во земјоделството, со што ќе се продолжи рокот за аплицирање за субвенции до 30 јуни.
-Бидејќи сите институции дадоа позитивно мислење, очекуваме измената да биде усвоена на следната владина седница. Интересот кај земјоделците за аплицирање за субвенции е голем, особено кај сточарите кои побараа продолжување на рокот. Министерството секогаш излегува во пресрет на барањата на земјоделците. Измената на Програмата и Уредбата за финансиска поддршка во земјоделството е токму во нивен интерес, за да можат да ги поднесат своите апликации во рамки на новиот рок кој предлагаме да биде продолжен до 30 јуни, велат од МЗШВ.
На овој, според Министерството, ќе им се помогне на сите земјоделци кои не успеале да аплицираат согласно законскиот рок што истекува на 31 мај.
-Тие ќе добијат дополнително време од плус еден месец, период во кој ќе можат да ги подготват апликациите и навремено да аплицираат за да ја добијат финансиската поддршка која им ја дава државата. Очекуваме измената да биде усвоена, во интерес на земјоделците, наведува МЗШВ.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
