МЗШВ: Ако не се извезе јагнето во целост, државата ќе им помогне на сточарите да ги покријат загубите
Министерството за земјоделство бара алтернативни пазари за извоз на македонското јагне со оглед на ситуацијата во Италија поради коронавирусот. Како што информира за МИА, направени ќе бидат сите можни обиди за пласман, но доколку тие во целост не се реализираат, државата ќе им помогне на сточарите да ги покријат загубите.
Одгледувачите на овци предупредуваат дека извозниот шпиц е за околу десетина дена. Тие, како што велат, мора навреме да бидат информирани што планира да преземе Владата за извоз на јагнето. Брзо да се делува е битно и за откупувачите, бидејќи тие не можат за два дена да ги заколат и подготват јагнињата за транспорт.
Традиционално, најголем дел од пласманот на македонското јагне се реализира во Италија, но поради вирусот КОВИД-19 тоа засега е неизвесно.
-Со оглед на случувањата во Италија со вирусот корона, доколку не може во оваа земја да се направи извоз, веќе разговараме и сме во комуникација со компаниите за барање алтернативни пазари за македонското јагне. Нашата намера како ресорно Министерство е јагнето да биде извезено и ќе ги направиме сите обиди доколку не може во Италија, да се извезе во други земји. Транспортот на стока не е забранет и ќе се одвива под посебни безбедносни протоколи. Но, со оглед на тоа дека не можеме да предвидиме што ќе се случува со ширењето на вирусот корона, какви мерки ќе преземаат останатите држави, доколку се случи да не се реализира целосно извозот, МЗШВ со соодвтени мерки ќе им помогне на сточарите да ги покријат загубите, кои секако ќе бидат донесени заеднички и во комуникација со сточарите и откупувачите на јагне, наведува МЗШВ.
Според претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев, коронавирусот нема да го доведе во прашање извозот на македонското јагне во Италија ако навреме се обезбедат услови за соодветен пласман. Шаклев за МИА изјави дека во ваква невообичаена ситуација, битно е да се делува брзо, надлежните да кажат навреме на кој начин ќе се реализира извозот и за тоа да ги известат производителите и трговците.
Во просек, земјава секоја година извезува по околу 200.000 јагниња годишно за Италија. Втори, но далеку помали пазари се Хрватска и Грција. Вообичаено шпицот на пласманот е пред или за време на велигденските празници.
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред