-->
-->
МЗОИ: Нордиецот Јада 44-то место во спринт
-->
Нордиецот, Ставре Јада, кој е еден од двајцата македонски репрезентативци кои учествуваат на вторите младински Зимски олимписки игри, кои се одржуваат во Лилехамер, во вторникот, настапи во спринт трката.
Јада, во конкуренција на 48 натпреварувачи, спринт трката ја заврши на 44-то место. Трката во спринт беше втора на која Јада настапи на младинските ЗОИ, во саботата тој го освои 43-то место во крос кантри.
Следниот настап во Лилехамер, Јада ќе го има в четврток, кога ќе се натпреварува во дисциплината 10 километри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024