МЖСПП: Потребна е кампања за управувањето со електронски отпад
Со донесување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и Законот за управување со електрична и електронска опрема, управувањето со овој вид отпад делумно е подобрено, но потребна е и кампања за посигнување успешна имплементација.
Ова денеска било констатирано на конференција на тема „Предизвици во управувањето со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори“ во организација на лиценциран колективен постапувач Елколект- Скопје.
Као што соопштија од Министервото за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), в.д. директорката на Управата за животна средина Билјана Зефиќ нагласила дека покрај силната кампања која треба да се спроведе за промовирање на законите потребно е и воспоставување на структура за имплементација на законодавството.
Елколект е лиценциран колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема чија основна цел е да воспостави функционален и одржлив систем за постапување со овој вид на отпад.
Ново на Сител
-
Продолжен притвор
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторите се борат за сите пациенти