МЗ: Вчера се аплицирани 12.545 вакцини
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 514.021 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.302 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.545 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 904.583 дози вакцини, а ревакцинирани се 390.562 граѓани.
Со последните бројки 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.
Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот