МЗ: Вчера се аплицирани 10.065 вакцини
![]()
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 447.543 граѓани.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 254.154 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани.
Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.
Ново на Сител
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
