МЗ: Состојбата е целосно под контрола, нема причина за ризик или паника за корона вирус во државава
Македонија ги следи препораките од Светската здравствена организација во врска со состојбата со новиот корона вирус што се појави во кинескиот град Вухан.
Преземени се приоритетни чекори и претставници на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство од минатата недела континуирано информираат за состојбата со коронарниот вирус.
Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за корона вирус во нашата држава.
Ја информираме јавноста дека системот за контрола е воспоставен и целосно во функција. Направен е распоред на епидемиолози од Центарот за јавно здравје, и се присутни за време на скенирањето. Авионите од Истанбул и Дубаи секогаш се насочени на еден или два излези, кои се многу блиску, од практичен аспект камерата е поставена на едно место, доколку треба да се користи собата за изолација.
ВМРО-ДПМНЕ да престане со политиката на пласирање на неточни информации и потребата од создавање на паника кај граѓаните се со цел собирање на политички поени. Затоа што во времето на претходната влада се спроведоа најкатастрофалните здравствени политики што резултираа по здравјето на граѓаните.
За потсетување, во 2019 година се прогласи епидемија од морбили (мали сипаници) на територија на целата држава токму поради погрешната политика со имунизацијата на претходната влада. Доколку лицата до 14 годишна возраст навреме се вакцинираа со вакцината МРП, минатата година немаше да имаме 1900 случаи со мали сипаници.
За 10 месеци ја стопиравме епидемијата, опфатот со вакцинација го зголемивме за 44 илјади лица и ја постигнавме препораката на Светската здравствена организација (СЗО). Оние кои не ги спроведуваа насоките од епидемиолозите и СЗО се ВМРО-ДПМНЕ.
Министерството за здравство е максимално подготвено и ги има сите капацитети за да одговори правилно и во оваа ситуација.
ВМРО-ДПМНЕ наместо да создава паника кај граѓаните, прво треба да научи кои се вистинските здравствени политики за граѓаните, а потоа како се постапува во вакви ситуации.
Ново на Сител
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?
-
Седум повредени од трагедијата во Кочани се уште на болничко лекување во земјата и странство