МЗ со детали за смртта на 16-годишното девојче
Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 16 – годишна пациентка од тетовското село Сиричино.
Пациентката со многу тешка клиничка слика со возило на Итната медицинска помош е донесена на Инфективна клиника, од Клиничката болница во Тетово каде била сместена од 21 октомври до 23 октомври, а претходно била лекувана во домашни услови заради тегоби кои датирале девет дена од иницијалниот прием во тетовската болница.
Според медицинскиот извештај од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, станува збор за исклучително тежок случај, кислородно зависна со тешка ковид пневмонија. Во текот на хоспиталниот престој од анализите е потврдена и белодробна тромбемболија. Во текот на лекувањето доаѓа до брзо прогресивно влошување на респираторната функција. Пациентката е мултидисциплинарно лекувана поради развиените компликации. Во текот на вчерашниот ден дојде до драматично влошување на виталните параметри што доведе до срцево белодробно попуштање. Младата пациентка не била вакцинирана, стои во соопштението од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја
-
Речиси 64 илјади му требаат на четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби, пресмета ССМ