МЗ: Санирана повредата на бебето на ГАК, акушерката суспендирана

На одделот за новородени деца при Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје акушерка во текот на испис на новородено ненамерно пресекла мал дел од палецот на бебето.
Како што информира денеска Министерството за здравство, дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата.
Акушерката била суспендирана, дадена на Дисциплинска комисија и ѝ била изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место.
Од Министерството за здравство преку соопштение информираат и за примената пациентка со проблеми во бременоста. Таа била примена во август на ЈЗУ УK Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, која, како што се наведува, имаше придружни здравствени проблеми заради кои бебето починало.
- Како последица на придружните болести индицирано било завршување на бременоста со царски рез. За жал, постоперативно почнуваат серија последувателни компликации кои условувале повеќекратни хируршки ревизии. Во лекувањето на пациентката биле вклучени повеќето од најискусните лекари на ЈЗУ У ГАК – и од гинеколошки и од анестезиолошки профил, како и дежурните тимови. Тешките одлуки во врска со здравјето на пациентката се донесуваа конзилијарно од најискусните лекари, почитувајќи ги најсовремените медицински протоколи. За жал, и покрај речиси двомесечен интензивен ангажман и третман, пациентката подлегна на придружните комликации, се вели во соопштението.
Од ресорното министерство посочуваат дека се чека потврда од обдукцискиот и од хистопатолошкиот наод, кои, како што се наведува, прецизно ќе дадат информации за состојбата на пациентката.
Во државата е формирано стручно тело кое ги испитува сите случаи со неповолен исход за бебето во утробата и за породени новородени со фатален исход.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Власта брза на избори
-

Преговори за бесплатен роаминг
-

Регионална конференција на сметководители во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Народната банка со нови прогнози за инфлацијата, можно зголемување на каматите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Елена Јованова - Грујовска, директорка на Институтот „Крсте Мисирков“
