МЗ: Постапено по сите медицински протоколи кај тројката починати новороденчиња
Комисијата за стручен надзор, во врска со трите починати новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство, констатирала дека е постапено во согласност со предвидените медицински протоколи и оти станува збор за високоризична, повеќеплодна бременост.
- Комисијата констатира дека се работи за високоризична, повеќеплодна бременост, проследена со инсулинозависен гестациски дијабет, хипертензија и инфект кај мајката, што доведе до предвремено раѓање на новороденчиња со ниска гестациска возраст (помала од 28 гестациска недела) и мала родилна тежина (под 1000 грама). Сите овие ризик фактори го отежнуваат преживувањето на новородените деца и ја зголемуваат стапката на морбидитет и морталитет кај истите, соопшти Министерството за здравство.
Врз основа на разгледаната медицинска документација и разговорите со здравствените работници, Комисијата констатирала дека е постапено во согласност со предвидените медицински протоколи за следење високоризична бременост, соодветен третман пред породувањето, правилна индикација за оперативно завршување на предвремено започнато породување, запазени анестезиолошки процедури, успешно спроведена примарна стабилизација на новородените во операциона сала, како и соодветно спроведена постнатална интензивна нега и терапија.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица