МЗ: Обезбедени 52 милиони денари за лицата со ХИВ/СИДА

Министерството за здравство соопшти дека обезбедува финансиски средства за лицата со ХИВ/СИДА во рамки на Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА во Република Македонија (во која за 2017 година се предвидени 27 милиони денари) и Програмата за здравствена заштита на лица со болести на зависности (во која за 2017 година се предвидени 25 милиони денари само за оваа намена – набавка на лекови за Хепатит Ц).
Во реакцијата на Министерството на изјавата на пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска, се наведува дека вкупниот износ на средствата за оваа намена од двете програми е 52 милиони денари, што значи дека во споредба со оваа година, финансиските средства за лицата со ХИВ/СИДА не само што не се намалуваат, туку напротив се зголемуваат.
СДСМ, стои во реакцијата, намерно креира лажна перцепција дека се намалуваат финансиските средства за оваа категорија пациенти, а во реалноста тие се зголемуваат!
- Им порачуваме на СДСМ да не се служат со лаги и манипулации со кои тенденциозно ја доведуваат во заблуда македонската јавност и намерно креираат лажна перцепција за финансиските средства кои државата ги издвојува за оваа особено чувствителна група на пациенти. Реалните факти покажуваат дека се зголемуваат финансиските средства за лицата со ХИВ/СИДА во рамки на програмите на Министерството за здравство, односно за претстојната 2017 година Министерството издвојува повеќе средства во споредба со средствата за изминатава година, се вели во реакцијата.
Од Министерството посочуваат дека во континуитет ги обезбедуваат потребните лекови за лицата заболени од ХИВ, и веќе е завршена набавката на лекови и за претстојната 2017 година, што значи дека за сите пациенти е обезбедена потребната терапија, како за тековната, така и за следната година.
- Набавката ја спроведе Универзитетската клиника за инфективни болести, согласно потребите на пациентите, и се очекува потребните количини на лекови за 2017 година да пристигнат до крајот на тековната година. Овие количини на лекови за следната година ќе бидат исплатени од финансиски средства од Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА во Република Македонија за 2016 година. Тоа значи дека средствата од Програмата за 2017 година ќе бидат целосно наменети за превентивни активности предвидени во Програмата, стои во реакцијата.
Од Министерството наведуваат дека според информации од Универзитетската клиника за инфективни болести веќе е во тек постапката за набавка и на тестови за антиретровирусна терапија за 2017 година, кои на почеток на следниот месец се очекува да бидат испорачани, со што, како и досега, се обезбедува целосна покриеност и од аспект на откривање евентуални нови пациенти и следење на терапијата кај постојните пациенти.
Ново на Сител
-

Подобрена состојбата со јавниот превоз, 180 автобуси сообраќаат на линиите, вели Ѓорѓиевски
-

Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
-

Од утре облачно и посвежо со повремен дожд, а на планините снег
-

Талентите на ФК Водно блеснаа во Шпанија, генерации 2013 и 2015 шампиони на “Овиедо Куп“
-

Речиси една петтина од француските бензински пумпи останаа без гориво
-

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка
-

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај
-

Апелација ја укина двегодишната казна затвор за Лидија Димова
