МЗ: Нема инсулинска криза, инсулинот е од врвни светски производители

Сите инсулини што се користат во Република Македонија се од врвните светски производители и тие се во употреба во најразвиените здравствени системи во светот. Испораката на инсулини во аптеките се врши согласно препишувањата од докторите-специјалисти и целосно во согласност со Законот за здравствена заштита, како и упатствата и протоколите од оваа област, се вели во писмената реакција на Министерството за здравство на прес-конференцијата на пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска.
Во неа се додава дека пратеничката и СДСМ се обидуваат да креираат паника меѓу лицата со дијабетес, да создадат комплетно лажна слика за состојбата со инсулинска терапија во државата, притоа злоупотребувајќи ја, како што се посочува, оваа чувствителна група на пациенти.
- Комплетна невистина е констатацијата дека во Македонија кога било имало инсулинска криза. Количините на инсулин во сите инсулински аптеки во државата, во целост одговараат со потребите на пациентите со дијабетес мелитус за кои е потребна инсулинска терапија. Веројатно СДСМ поттикнати од сознанието како во нивно време се спроведувале тендерите за набавка на инсулини, сега непотребно шират паника и страв меѓу лицата со дијабетес, се вели во реакцијата од Министерството за здравство.
Оттаму бараат пратеничката Шахпаска да одговори дали фармацевтските компании ја финансираат оваа, како што посочуваат, негативна кампања и хајка која се води против Министерството, а на грбот на една чувствителна група пациенти - лицата со дијабетес.
Ново на Сител
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
