МЗ: Над 400 пациенти со Ковид-19 досега третирани со конвалесцентна плазма
Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 502 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од кои 399 единици се обезбедени преку стандардно дарување и 103 единици конвалесцентна плазма, преку аферезна процедура од вкупно 48 донори. Вкупно 449 дарители донирале плазма,со која се третирани над 400 пациенти со Ковид-19.
Во овие сензитивни моменти, важно е да ја покажеме нашата хуманост и да даруваме плазма, зашто таа оди на вистинско место - таму каде што е неопходна и со тоа се овозможува да биде спасен нечиј човечки живот. На овој начин и со овој највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени им помагаат на лицата, кои во моментот се борат со коронавирусот. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19.
Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти, кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19.
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа