МЗ: На Клиниката за ортопедија кај 12-годишно дете извршена трансплантација со коска од донор
На Клиниката за ортопедија извршена е уште една трансплантација со коска од донор. Интервенцијата е извршена кај 12-годишен пациент, кој е претходно опериран поради деформитет на левото стапало со користење шраф. По повторна појава на деформитетот, се одлучи да се извади ставениот штраф и да се замени со трансплант од донор кој дава подобра и постабилна корекција, информираат денеска од Министерството за здравство.
Оттаму додаваат дека пациентот бил испишан во гипсена имобилизација и по шест недели ќе започне со процес на рехабилитација.
- Оперативната интервенција ја изведе проф.д-р Зоран Божиновски со својот тим асистенти Теодора Божиновска, Симона Карапанџевска, анестезиологот Јадранка Зафировска со анестетичарот Златка Апостолова, инструментарката Билјана Тројановиќ и помошен персонал Костадинка Вучковиќ и Сејнур Идриз. Сакам да изразам благодарност и почит на медицинските работници и сите чинители кои учествуваат во процесите на трансплантација, се наведува во писмената изјава на доктор Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.
Во изјавата на Кузмановска се додава дека нивната цел е зголемување на свеста за органодарителство, „како највисока и најблагородна форма на хуманизам, што е возможна само благодарение на храброста, несебичноста и емпатијата на семејствата на донорите“.
Ново на Сител
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола