Македонија
9. April 2022 - 19:43

МЗ: Ќе биде спроведен вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на ракометарот Денис Тот

Во врска со смртта на хрватскиот ракометар  Денис Тот,  министерот за здравство согласно Законот за здравствена заштита и  Законот за санитарна и здравствена инспекција иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе вонреден инспекциски надзор  за постапката за прифаќање и третманот на младиот ракометар.

По повод смртта на прерано починатиот хрватски ракометар,  Министерството за здравство  изразува најдлабоко сочувство до семејството и неговите најблиски!, стои во соопштението од МЗ.