МЗ: 80 проценти од новите случаи и 84 отсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани
Во период од 6 август до септември на територија на државата како позитивни на Ковид-19 се потврдени 26.053 граѓани, од кои 19 проценти, односно 5175 лица, биле целосно вакцинирани. Според статистика за изминативе пет недели, 20.878 граѓани, односно дури 80 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани, информира Министерството за здравство. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 84 отсто, додека само 16 отсто од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.
– Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од пет седмици на територија на државата починале 678 лица со Ковид-19, од кои 591 пациент или 87 проценти не биле вакцинирани, а само 87 или 12 отсто примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања, се вели во соопштението од МЗ.
Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и со „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, кои некои од пациентите ги примиле во странство.
– Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација: секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, се посочува во соопштението.
Од Министерството појаснуваат дека за вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко