Македонија
4. August 2026 - 12:19

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната

Летната сезона во Охрид е во полн ек.Дел од туристие за прв пат го откриваат градот ,други пак воодушевени од убавините повторно му се враќаат. Според експертите  иднината на туристичката дестинација  треба да се темели на квалитетот и проширувањето на понудата ,клучно е да се работи пред и по сезоната за да има туризам во текот на целата година.

Туристичките работници велат дека неопходно е да се прават истражувања и да се инвестира во промоција на дестинацијата.

Бројните туристи деновиве уживаат во сето она што го нуди градот ,езерото,природата ,културно историските знаменитости,манифестации ,концерти и забави.Инаку најбројни според последните податоци на државниот завод се Германците по кои следуваат гостите од Србија, , Турција, Франција, Хрватска, Белгија  но не изостануваат ни од останатите земји.