МВР: Задолжителен тест за Ковид-19, за влез на наши граѓани во земјава

Согласно одлуките и протоколите донесени од Владата на РСМ во рамки на прогласената вонредна состојба на територијата на државата предизвикана од епидемијата од “COVID 19“, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека при влез на наши граѓани во земјава, како и на странци но само со регулиран престој во државава, задолжително е на граничниот премин да биде приложен направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен.
Потоа на граничниот премин потпишуват „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“. Врз основа на потпишаната изјава, од страна на овластени претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, а од припадници на МВР се врши контрола на спроведувањето на Решението за здравствен надзор и домашна самоизолација.
Оние пак наши граѓани или странци со регулиран прстој во земјава, коишто при влез на територија на РСМ нема да приложат валиден PCR тест или ќе приложат невалиден PCR тест, од граничниот премин со превоз организиран од Владата на Р.С.М или со сопствен превоз, со придружба од страна на припадници на МВР ќе бита спроведени во државен карантин. Во текот денот се организира превоз од граничен премин до државен карантин во два наврати и тоа во 10.00 часот и во 20.00 часот. Граѓаните ќе останат во државен карантин 14 дена.
Исто така, доколку граѓаните сакат да им се направи PCR тест, на нивно барање им се овозможува од страна на овластена институција во најкраток рок да им се направи PCR тест. Оние граѓани на кои направениот PCR тест е негативен, потпишуват „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“ каде се засметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат карантинот и заминуват во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава. Доколку граѓаните не сакат да им се направи PCR тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
