МВР: За пукање на свадби се предвидени и затворски казни, може да предизвика тешки последици
Постојат неколку премрежја во изминативе 30 години кои не можевме да ги превидиме, на пример спорот со Грција. Не можевме да предвидиме прво дека ќе трае толку многу и дека практично ќе не блокира при влезот во секоја меѓународна организација…Ова сега најново се надевам нема да биде такво по пропорции, споров со Бугарија што го имаме и нема толку да трае, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за Трилинг на Телевизија 24.
Меѓутоа, додава тој, исто така не може да се поверува дека може да постои спор во кој една земја членка на ЕУ и на НАТО вели „ти не си Македонец“, или „не зборуваш на македонски јазик“ или „пребриши се од историјата до таа и таа година и прими го комплетно нашиот историски наратив и стави го во вашите учебници“.
Пендаровски смета дека за жал, се уште сме заробеници на минатото и според него кога станува збор за евроинтеграциите, нас се уште не сметаат како периферија за која не е сигурно кога и дали воопшто ќе стане полноправна членка.
– Гледам дека во фокусот на мојот интерес, не само Македонија туку и шесте држави на Западен Балкан кои останаа на опашката на интеграциите, особено оние кон ЕУ и генерално клучните политики на Брисел, посебно зборувам за евроинтеграциите, не третираат нас се уште како периферија за која не е сигурно кога и дали воопшто ќе стане полноправна членка на тој клуб, вели Пендаровски.
За шефот на државата „Отворен Балкан“ е одлична иницијатива и очекува и другите земји од Западен Балкан во поскоро време да се приклучат.
– Меѓутоа, јас би бил прв против „Отворен Балкан“, независно од неговото примамливо и атрактивно име, ако тој е навистина замислен како алтернатива на ЕУ, нагласи Пендаровски.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
