МВР со детали за страшната сообраќајка во Карпош - неколку лица повредени
МВР со детали за вчерашната несреќа која се случи во скопската населба Карпош.
- На 29.10.2019 во 13.30 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со улиците „Никола Парапунов“ и „Демир Трајко“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(27) од с.Виштица и патничко моторно возило „ланд ровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(48) од Скопје. По незгодата за укажување на лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“ биле пренесени С.М., кај кого биле констатирани тешки телесни повреди, како и С.К. и двајца сопатници од возилото „голф“, С.С.(24) и А.С., кај кои биле констатирани телесни повреди, соопштува полицијата.
Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи