-->
-->
МВР со детали за пукањето во Прилеп: Сакал да прегази инспектори, па полицијата му пукала во гуми
-->
На 25.06.2022 од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп бил лишен од слобода Н.К.(53) од Ресен, затоа што претходно со неговото возило комбе „мерцедес спринтер" се обидел да прегази комунални инспектори и полициски службеник кои вршеле службени дејства, при што полицискиот службеник испукал со пиштол во гумите на возилото.
Според пријавеното, пред тоа во Градскиот пазар Прилеп, додека продавал производи со возилото, тој бил отстранет од страна на инспекцијата. Н.К. е приведен во полициска станица, а известени се Јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
По документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата