-->
-->
МВР со детали за двојното убиство во казино во Скопје
-->

Две лица се убиени рано изутрина во грабеж на казино на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје.
- На 15 февруари 2020 во 04:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје влегле четири вооружени лица и почнале да пукаат кон присутните, при што го погодиле В.Х.(22) од Косово, кој починал на местото. Додека, според пријавеното, Б.Н.(20) од с.Крушопек, скопско, ангажиран како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал. Според пријавеното, потоа од касата го одзеле дневниот промет и заминале, информира МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
-

59-годишник во продавница допирал по тело 31-годишна жена
-

Приведено едно лице поради напад на полицаец кај Градски стадион во Скопје
-

Мицотакис: Грција се соочува со закана за војна од Турција
-

Трамп: Меморандумот за разбирање со Иран за крај на војната е завршен
-

УХМР: Утре ќе биде променливо облачно, на места со пороен дожд и грмежи во попладневните часови
-

Расчистен случајот со насилството врз малолетничка во Аеродром, кривична пријава против четири деца и пет родители
