МВР со апел да не се наседнува на измами со лажни сообраќајки, да се пријават во полиција
Од Министерството за внатрешни работи денеска апелираат граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки и таквите случаи веднаш да се пријават во полиција.
- Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи, од страна на граѓаните, пријавени се повеќе кривични дела „измама“, извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици, се појаснува во денешното соопштение.
Измамниците ги контактирале жртвите најчесто на фиксен телефон. Но, имало случаи каде што биле контактирани и преку мобилен телефон со скриен број. За да бидат поуверливи, појаснуваат од МВР, во позадина се слушало глас кој бара помош.
- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно, апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција, потенцираат од Министерството.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст