МВР се вклучува во камањата „Помисли двапати“
Министерството за внатрешни работи (МВР) се вклучува во кампањата „Помисли двапати“ (Think Twice) на Меѓународната организација за криминалистичка полиција – ИНТЕРПОЛ.
Кампањата, како што информира МВР, е за зголемување на свесноста од растечките закани од сајбер или финансиски измами на луѓе, организации или институции. Кампањата вклучува серија кратки видеа кои се фокусираат на пет најголеми растечки онлајн закани: ransomware напади, malware напади, phishing, генеративни AI измами и романтичарски измами.
- Овие софистицирани измами се во голем подем изминатите години, од кои поконкретно ransomaware нападите се со пораст од 70 отсто, а malware нападите над 30 отсто само минатата година, со што повеќе од 20 отсто од вработените воопшто и не знаат дека најверојатно на својот компјутер имаат некаков вид на malware софтвер. Со phishing нападите кои постојано еволуираат и стануваат потешки за детектирање, криминалците исто така ја искористуваат технологијата за своја добивка. Пример, користат генеративна вештачка интелигенција (AI) да креираат ултра реалистични човечки карактери, притоа измамувајќи илјадници луѓе ширум светот преку манипулација на глас, слика и звук, се вели во соопштението.
Рoмантичарските измами, како што се наведува, се исто така во подем, каде што сајбер криминалците користат лажни онлајн профили за да создаваат врски и доверба, пред да побараат пари од жртвата.
Од МВР потенцираат дека „Помисли двапати“ повикува на будност во дигиталниот свет, нагласувајќи ја важноста да се застане, да се погледне двапати, промовирајќи го значењето на носење на мудри одлуки и зголемување на свесноста за сабјер безбедноста во секојдневниот живот
- Како што дигиталниот свет во којшто живееме продолжува да еволуира, гледаме дека онлајн измамите растат во нивото на својата софистицираност, со што стануваат големи закани за луѓето, организациите и институциите ширум светот. Сајбер безбедноста е заедничка одговорност и преку проактивни чекори, можеме да придонесеме кон градење на побезбеден, посигурен дигитален свет за сите, потенцира генералниот секретар на ИНТЕРПОЛ Валдеси Уркиза.
Двонеделната кампања за зголемување на свесноста од онлајн измами е планирана да оди на социјалните медиуми. Кампањата ќе ги поттикне луѓето да користат лична (in-person) верификација и да ја проверуваат својата дигитална интеракција, посебно кога ќе наидат на сомнителни линкови или информации.
Целта е корисниците да почнат да прават информирани и внимателни онлајн чекори, со тоа намалувајќи ги ризиците поврзани со заканите како phishing, malware и онлајн измами.
- Чекори кои го намалуваат ризикот се: Правење на внимателни и рационални избори, посебно при справување со несакани, непознати или сомнителни линкови, е-маил пораки или пораки. Паузирање за да се евалуира автентичноста и кредибилноста на дигиталната содржина, пред да се преземе акција. Да се проверат идентитетите преку повеќе канали или да се биде внимателен на сите барања, дури и од „познати“ лица. Имплементација на култура на сајбер безбедност на работното место и овозможување на знаења на овие теми за сите вработени. Внимателност при формирање на онлајн пријателства и врски, посебно кога се споменуваат пари. Да се биде постојано информиран на постојаното унапредување на тактиките на сајбер финансиските криминали кои ја прават нивната детекција многу потешка, стои во соооштението од МВР.
Ново на Сител
-
Нехумани услови во домот Пелагонија
-
Тема на денот со Ива Ненадиќ, координатор на центарот за медиуми при Европскиот универзитетски институт
-
Обвинители вршат надзор над работата на обвинителството за организиран криминал и корупција
-
69-годишна жена загина, а 9-годишно дете се бори за живот на Клинички по пад од шести кат
-
Родители најавија бојкот на настава во „Лазо Ангеловски“, МОН смета дека со случајот се претерало
-
Комплексни лозинки за да нема упад во е-дневник во училиштата!
-
И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години
-
Новогодишните куќарки пристигнаа на плоштадот, Арсовска пак крие кој и за колку пари ќе украсува