-->
-->
МВР: Санкции поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус
-->

Денеска (13.10.2024) околу 05.00 часот на наплатна станица Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на автобус „мерцедес“ со словенечки национални ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од Џ.Р.(42) од село Бајрамовци, дебарско, соопшти МВР.
Како што појаснуваат од полицијата, при контролата било утврдено дека возачот во моментот користел туѓа картичка за запишување во патниот сообраќај. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоба по член 60 став 1 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 1.000 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
