МВР: Регистрирани 10 пријави за нарушување на изборниот молк

За време на предизборниот молк, во текот на 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола. По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани.
Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови.
Во врска со гласањето, на 01.11.2025 регистриран е настан за фотографирање кочан со гласачките ливчиња во основното училиште „26 Јули" во општина Шуто Оризари, при што приведено е едно лице и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На сите подрачја гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници помина без нарушување на гласањето.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина
-

Тони Тоневски е новиот градоначалник на Пробиштип
-

Коалиција ВРЕДИ: Со освоените општини станавме втора политичка сила во државата
-

Филипче: Овие избори се патоказ за иднината на СДСМ, не размислувам за оставка
-

Орце Ѓорѓиевски е нов градоначалник на Скопје
-

Пораз за Дехари и ДУИ во Кичево, Александар Јовановски прогласи голема победа
-

Максим Димитриевски слави во Куманово | ВИДЕО
-

Лукровски прогласи победа: Денеска не победувам јас, победува Карпош
