Македонија
23. August 2020 - 10:00

МВР регистрира 459 прекршоци за неносење заштитни маски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 459 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.