МВР: Против Љ.П. во изминатите години се поднесени пет кривични и прекршочни пријави
Поради поставени прашања од поголем број медиуми во врска со Љ.П., осомничен за убиствата на В.Ѓ. и П.Ж., за тоа какви пријави се поднесени против него во претходниот период, МВР информира дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник.
- Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување, соопштија денеска од МВР.
Ново на Сител
-
Измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа
-
Денот на рибарите во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - Во судница се презентираат снимки
-
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот