МВР покрена постапка за националистичкото скандирање на Шкендија-Карабах
Министерството за внатрешни работи во континуитет апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски клубови, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот, соопшти МВР.
Во тој контекст, МВР уште еднаш нагласува дека во рамки на обезбедувањето на мирни и непречени спортски натпревари, како во минатото така и сега и во иднина, полицијата ќе биде крајно ригорозно по однос на било какви нарушувања на јавниот ред и мир, односно било какви навредливи скандирања и друг начин на ширење на говор на омраза.
За потсетување, во врска со кошаркарскиот натпревар што се одржа на 02.08.2025 во Спортската сала во Куманово, во СВР Куманово веќе се повикани неколку осомничени лица со кои што е извршен службен разговор, и по извршени анализи во координација со ОЈО Куманово ќе бидат преземени конкретни законски мерки а едно лице е лишено од слобода и против него ќе следи соодветен поднесок.
Што се однесува за фудбалскиот натпревар кој се одржа на арената Тодор Проески во Скопје на 05.08.2025, СВР Скопје врз основа на снимениот и документиран материјал презема мерки во координација со надлежен јавен обвинител. Имено, доставено е писмено известување до Обвинителството врз основа на веќе утврдениот материјал, по што МВР ќе постапува согласно своите надлежности во координација со ОЈО и за било какви утврдени законски прекршувања ќе следуваат соодветни поднесоци, за што јавноста благовремено ќе биде информирана.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Потребна ни е политика како уметност на можното
-
Петта ноќ протести во Мароко, судири меѓу млади и полиција, две лица убиени
-
Флотилата за помош за Газа вели дека израелската војска нелегално се качила на нејзиниот брод
-
Дојави за поставени бомби и во училишта во Пријепоље и во Врање
-
Најмалку 30 мртви по уривањето на скелето во црквата во Етиопија
-
Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Ѓуриште
-
Кац: Палестинците кои ќе останат во Газа ќе се сметаат за терористи
-
Четврти ден кампања за Локалните избори 2025