МВР откри вработен во управна служба кој вршел предизборен поткуп, пронајден и список со имиња
Единица за економски и компјутерски криминал во МВР вчера постапи по допрен глас односно по објавите на повеќе интернет портали, каде е пласиран видео клип со наслов „Организиран поткуп на гласачи од структури на МВР и пратеници од СДСМ” при што од страна на СВР СКОПЈЕ ЕЕКК во содејство со полициски службеници од Одделот за Внатрешна контрола и професионални стандарди превземени се мерки и активности при што е известен надлежен ЈО и идентификувано е лицето кое што се наоѓа на видео клипот.
Полицијата утврдила дека се работи за Ш. С. со живеалиште во О.Шуто Оризари, вработен во Оделението за управни служби во МВР којшто на подрачјето на Општина Шуто Оризари во непосредна близина на Општината врши одредена активност со група граѓани од ромска националност. Во просториите на ЕЕКК извршен е разговор со истиот и превземено е истражно дејствие Претрес на дом заради пронаоѓање докази предмет на кривично дело од чл.162 „Поткуп при избори и гласање”.
Од страна на друго лице коешто исто така е на видеото, приложен е список од околу 20 лица со име презиме, матичен број, адреса и телефонски броеви рачно пишувани на обични листови од школски тетратки.
Неофицијално, полицискиот службеник дал известување дека пред да биде вработен во МВР бил активист на НВО Амбрела која што во рамките на владата имала проект за донации на граѓани од ромска припадност коишто се од загрозена група граѓани и за таа цел наводно правел список за да биде дадена донација.
Во врска со овој случај, полицијата продолжува да презема активности и мерки, а по документирање на наводите и доказите до Обвинителството ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија