МВР: Одделението за управни работи во Скопје од утре со ново работно време
Министерството за внатрешни работи соопшти дека воведува ново работно време во седиштето на Одделението за управни работи во Скопје и во неколку дисперзирани канцеларии на ниво на градот, со цел навремен и ефикасен пристап на граѓаните до правото да поднесат барање за издавање на лични документи.
Како што соопшти МВР, почнувајќи од утре, 28.05 (четврток), секој работен ден од понеделник до петок , работното време во седиштето на Одделението за управни работи Скопје во МТВ како и дисперзираните канцеларии во „Беко“ и „Ѓорче Петров“ ќе биде со почеток од 07.30 часот до 20.00 часот, додека во дисперзираните канцеларии за управни работи во „Бутел“ и „Драчево“ работното време од понеделник до петок ќе биде од 10.00 до 18.00 часот.
-Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните кои живеат на територијата на Град Скопје дека согласно констатираната состојба на зголемено аплицирање за лични документи, имајќи го во предвид фактот дека следува и период на годишни одмори, воведува ново работно време во седиштето на Одделението за управни работи во Скопје со цел да им овозможи на граѓаните навремен и ефикасен пристап до правото да поднесат барање за издавање на лични документи, се наведува во соопштението на МВР.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни