Македонија
3. October 2017 - 18:03

МВР: Нема да се толерира ниту еден инцидент во тек на изборниот процес

Министерството за внатрешни работи нема да толерира ниту еден инцидент во текот на изборниот процес и најостро ги осудува сите облици на насилство, изјави денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски кој информираше за вчерашниот инцидент во Шуто Оризари  за кој досега се идентификувани и приведени на разговор девет лица кои учествувале во тепачката.

Ангеловски истакна дека секаков обид за нарушување на демократскиот изборен процес и загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде соодветно санкциониран.

Како што појаснуваат од МВР, за вчерашниот инцидент што се случи на ул. „Гвадалахара“ во населба Шуто Оризари во тек е прибирање докази за понатамошно постапување и се очекува да се зголеми бројот на учесници во тепачката.