МВР: Не сме вршеле притисок врз ИВЗ по повод честувањето на Фитр Бајрам
Во интерес на вистината, на објективното информирање на јавноста, а особено во интерес на интегритетот на институцијата – Министерството за внатрешни работи, категорично ги отфрла како паушални и неточни изнесените тврдења во денешната реакција на Исламската верска заедница околу наводен полициски притисок врз претставниците на оваа верска заедница по повод честувањето на претстојниот верски празник Фитр Бајрам.
Полицијата, односно Министерството за внатрешни работи ниту има надлежност, ниту пак се обидувало да наметне влијание врз верски старешини во верски установи, туку своето работење го темели исклучиво врз пропишаните законски норми и Уставот. Притоа јавноста веќе знае дека во рамки на низата законски надлежности и активности на Министерството влегува и превентивното делување во различни области од значење за сите граѓани на државно и на локално ниво.
Во актуелниот момент на вонредна состојба на ниво на целава земја предизвикана од пандемијата со корона вирусот, Министерството за внатрешни работи покрај постапување во делот на почитувањето на донесените владини мерки, уредби и препораки за заштита на здравјето и животот на сите граѓанина нашата држава,особено внимание посветува и на превентивното делување.
Свесни за потребата од заедничко делување заради надминување на опасностите од пандемијата и зачувување на здравјето на граѓаните, со посебно внимание работиме на интензивирање на соработката со верските заедници со цел засилено превентивно делување особено во пресрет на претстојните државни и верски празници. И во оваа ситуација станува збор за редовна полициска активност со цел доследно спроведување на мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија.
Полициските службеници секојдневно работат и во делот на превенција информирање и едукација, а во насока на заедничко надминување на опасностите од пандемијата и зачувување на здравјето на граѓаните. Таквото полициско делување пред се на локално ниво, во локалните заедници, било и ќе биде наша редовна и секојдневна обврска, а во рамки на концептот на полицијата како сервис на граѓаните, граден децении наназад со нашите партнери од ОБСЕ и ЕУ.
МВР уште еднаш потенцира дека ќе остане доследно во исполнувањето на сите свои законски обврски и задачи чија што единствена цел, преку бескомпромисно спроведување на законите, е заштитата, личната сигурност и безбедност на сите наши граѓани, токму онака како што меѓу другото, налага и Уставот на нашата земја.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата