МВР: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки
Деновиве во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на министерот за внатрешни работи, во соработка со полициската канцеларија на Европол, во која во вид на повик за појавување во суд од страна на Сектор за прекршоци, во која примачот на пораката се известува дека е предмет на наводни правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, информираат од МВР. Притоа, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку вибер линк.МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, ниту од било која институција за спроведување на законот.
-Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба. Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани. Исто така, предупредуваме да не отварате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на е-маил пораката која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер, велат од Министерството за внатрешни работи.Воедно, оттаму информираат дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот.
Ново на Сител
-
Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка
-
Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
-
Кошта утре на средби со македонските власти - Експертите не очекуваат позитивни сигнали од Брисел
-
Јавно ќе се разрешува претседател на Судски совет: Министерството за правда со нов закон
-
Во понеделник ќе биде познат новиот гувернер на Народната Банка
-
Инвестиции во железничката инфраструктура
-
Преглед на вестите од светот
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата