-->
-->
МВР: Казнети 32 лица кои не платиле патарина меѓу нив и шест полициски службеници
-->
Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека на 31.01 и 01.02 од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Државниот инспекторат за транспорт и Мобилната единица за безбедност во сообраќајот беше извршена засилена контрола за санкционирање на евентуални злоупотреби при наплатата на патарина на автопатиштата и неовластена употреба на т.н. „флешери“.
Казнети се 32 лица за неплаќање на патарина меѓу кои и шест полициски службеници кои ја поминале наплатната станица без да платат, со злоупотреба на флешери и службена легитимација и против нив покрај изречената глоба, ќе бидат преземени мерки и од страна на Одделот за внатрешна контрола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование