МВР: Категорично ги отфрлуваме како невистинити обвинувањата за малтретирање на граѓани

Категорично ги отфрламе како невистинити сите обвинувања за наводно „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе”.
Во јавноста не е изнесен ниту еден доказ ниту дека тоа се договарало, ниту дека МВР на било кој начин е дел од таква наводна операција, ниту пак дека тоа реално се случувало.
Ја информираме јавноста дека МВР нема креирано таква вибер група и дека активностите на МВР и во Прилеп и во било кој друг град не се координираат преку вибер групи.
Во исто време, после направена проверка на статистиката за возила испратени на технички преглед, информираме дека тој ден во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак, е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што говори дека наведените дејствија, всушност, не се случиле.
МВР веднаш започнува внатрешна истрага за утврдување на фактите, имајќи предвид дека вибер групи или графички прикази од вибер групи може да се креираат и изработат во секое време и од секого, и имајќи предвид дека до МВР не е пристигната ниту една пријава од граѓанин за дејствија во Прилеп на денот на изборите какви што беа презентирани на прес – конференцијата.
Mинистерство за внатрешни работи
Ново на Сител
-

Мицкоски демантира дека Рамиз Мерко влегува во Владата
-

До среда СДСМ ќе донесе одлука кои општини ќе ги поддржи во вториот круг
-

Јовановски најави проект за обновување на шумскиот појас
-

Трајановски најавува реорганизација и зајакнување на комуналните и на инспекциските служби
-

Лабудовиќ: Пензионерите се чувари на традицијата на Центар - ќе ги поддржиме со почит, грижа и достоинство
-

Мицкоски најавува можност Клиничкиот центар да се гради во општина Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација (ЗНАМ)
