-->
-->
МВР: Кај 23-годишник од Скопје пронајдено оружје и муниција
-->

Полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со Агенцијата за национална безбедност и Основното јавно обвинителство Скопје, на 19 јули годинава извршија претреси на дом и други простории на две локации во Скопје.
Како што соопшти денеска МВР, за време на претресите кај лицето С.А. (23) од Скопје пронајдени и одземени се електронски доказни материјали, огнено оружје и 51 куршум. По извршените претреси за С.А. до Основното јавно обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава за „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
