МВР и ОБСЕ потпишаа Меморандум за разбирање за контрола на лесното оружје и муниција
Петнаесет погранични полициски станици во Македонија и еден регионален центар за гранични работи ќе добијат можност за зголемување на физичката и информатичко-технолошка безбедност на залихите на мало лесно оружје и муниција, во насока на побезбедно чување на залихите и спречување на нивна кражба и евентуалниот натамошен шверц, согласно Меморандумот за разбирање меѓу Министерството за внатрешни работи и Мисијата на ОБСЕ.
Меморандумот денеска во Скопје го потпишаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен.
Проектот се реализира со финансиска помош од ЕУ и амбасадата на Германија во земјата, а во соработка со МВР. На потпишувањето присуствуваа и германскиот амбасадор Томас Герберих и претставникот на делегацијата на ЕУ, Тибор Варади.
- Целта на проектот е ОБСЕ во соработка со МВР и граничната полиција да се зајакне пограничната контрола, шверцот со лесно оружје и муниција, но и да се зајакне борбата против организираниот криминал и транснационалните ризици, рече Суомалаинен.
Додаде дека е предвидено зајакнување на безбедноста на објектите, во кои се чуваат оружјето и муницијата, преку надградување на системот за управување со залихите и обука на оние кои се задолжени за обезбедувањето.
Ова иницијатива, додаде Суомалаинен има регионална важност, бидејќи со неа се прави обид да се спречат евентуалните кражби на оружјето и муницијата и понатаму нивниот евентуален шверц низ земјите во регионот.
- Овие активности се наша обврска како земја-членка на ОБСЕ, заеднички да придонесеме за регионалната безбедност, истакна министерот Спасовски.
Посочи дека опасноста од пролиферацијата на лесното оружје и муниција, детектирана како сериозен проблем, свое место најде и во стратегијата за контрола на малото и лесно оружје на Владата.
- Заложбата на Владата е пренесена во стратешкиот документ за извршувањето на превенцијата, контролата и искоренување на пролиферацијата на нелегалното оружје согласно меѓународните иницијативи и документи за конторола на оружјето, муницијата и експлозивните материи, нагласи Спасовски.
Проектот се спроведува во период од две години, од 1 октомври оваа година до 30 септември 2019 година. Вредноста на проектот изнесува 1.086.960 евра.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора