-->
-->
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-->
Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Отсек потраги во содејство со НККР Гостивар, денеска околу 14.45 часот на улицата „Пере Тошев“ во Охрид го лишија од слобода е Б.И. (35) од село Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од КПУ Затвор Идризово поради бегство од затворот.
Како што соопшти МВР, Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години, седум месеци и осум денови.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска