МВР доби 25 возила „шкода јети“ донација од Чешка

Донација од 25 возила „шкода јети“ во вредност од 740.000 евра денеска ја предаде Чешката амбасада во Македонија за потребите на граничната полиција при МВР.
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков истакна дека оваа донација е исклучително важна за потребите на граничната полиција која моментно се справува со мигрантската криза на јужната граница.
- Имаме набавено 25 возила кои ќе бидат во функција на граничната полиција и тоа ќе биде силно засилување на вкупните капацитети на граничната полиција во МВР и не само тоа, туку генерално и на сите капацитети на Република Македонија во справувањето со бегалската криза бидејќи овие предизвици не завршија со затворањето на западната балканска рута, истакна министерот Чавков.
Според него, Македонија и понатаму е изложена на активности поврзани со превенирање и сузбивање на криминални мрежи коишто се актуелни, а кои затворањето на балканската рута сакаат да го заменат со нивните организирани криминални активности на меѓународно ниво.
Со донацијата, посочи министерот Чавков, МВР ќе покаже уште посилен капацитет во справувањето со разбивањето на криминалните мрежи кои ја злоупотребуваат неволјата на бегалците.
Заменик амбасадорот на Чешката Република Јосеф Брож истакна дека вистинските пријатели се препознаваат во тешките моменти, а така се препознаваат и државите која од нив е вистински пријател. Република Чешка ви е вистински пријател.
- Се надевам дека Македонија чувствува која е вистинската држава пријател, дека тоа е Република Чешка, а тоа го покажавме и со посетата на нашиот претседател, но и во рамките на долготрајната помош на Република Македонија во нејзините амбиции за членство во ЕУ и НАТО, истакна Брош.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
