-->
-->
МВР демантира: Има доволно обрасци за возачки дозволи за наредните три години
-->

Министерството за внатрешни работи остро ги демантира информациите што се шират на социјалните мрежи за наводен недостаток на обрасци за возачки дозволи.
Од МВР информираат дека нема никаков недостиг, туку напротив – обезбедени се доволни залихи кои ќе ги покријат потребите во наредните три години. Според институцијата, процесот за добивање на возачка дозвола се одвива непречено.
Термин за фотографирање граѓаните можат да добијат во рок од еден ден, додека изработката и издавањето на возачките дозволи се реализира за неколку дена, значително побрзо од законски предвидениот рок.
Од Министерството апелираат до јавноста да не се шират дезинформации кои создаваат забуна кај граѓаните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
