„Музеј на женски приказни“ во Битола, Прилеп и Крушево
Изложбата проследена со разговори „Музеј на женски приказни“ од денеска до 30 октомври ќе биде поставена во Битола, Прилеп и Крушево.
Организатор е Локомотива – центар за нови инцијативи во уметноста и културата, како дел од проектот „Културата во улога на територијален развој и социјална кохезија“, реализиран во рамки на програмата за Децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија (Франција) и Македонија.
Проектот „Културата во улога на територијален развој и социјална кохезија“ почна во 2014 година. Проектот е програмски развиен и имплементиран од Локомотива, Скопје во соработка со областа на заливот Мон Сен Мишел од регионот Долна Нормандија, Франција.
- „Музеј на женски приказни“ е проект кој произлезе од идејата да се истражи, согледа и (ре)афирмира улогата на жената во општествено-политичкиот, социјалниот и семејниот контекст преку исчитување на културните значења, симболи, асоцијации, затскриени зад историските факти, од првата половина на 20-тиот век во Битола, Прилеп и Крушево со околината на Пелагонискиот регион, информира Локомотива.
Коавторки на „Музеј на женски приказни“ се Искра Гешоска, Христина Иваноска, Виолета Качакова и Биљана Тануровска-Ќулавковски.
Партнери во реализацијата на изложбата се Завод и музеј-Битола, Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп и Историскиот музеј Крушево.
Ново на Сител
-
Први во Европа, петти во свет - ама по загаден воздух
-
И денеска реакции за ветото на претседателката Сиљановска Давкова
-
Преглед на вестите од светот
-
Бадникови поворки и литургија - Верниците го одбележуваат Бадник, ден пред Христовото раѓање
-
Дефицит на кадар во охридските музеи
-
Преглед на вестите од светот
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски