Музалас: Грција има план за вонредна состојба

Грција има подготвено план за реакција во вонредна состојба поради ескалацијата со мигрантската криза, изјави грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас, предупредувајќи дека е можно во следните денови земјата да „преживее тешки моменти“.
Музалас изрази задоволство од политичката поддршка која Грција ја добила од Советот на министри за внатрешни работи на ЕУ и од повеќето земји членки во врска со нејзините искази против политиката на Австрија, а особено против нејзината иницијатива за свикување конференција за бегалскиот проблем во Виена.
Грчкиот министер истакна дека на седницата на Советот, однесувањето на Австрија било оценетко како „унилатерален чин, дека тој е непријателски и дека ги нарушува старите решенија донесени на Самитот на ЕУ“.
Музалас, додаде дека пристапот на Австрија „им штети на Грција и на ЕУ“, бидејќи во преден план ги става едностраните национални решенија заедно со Вишеградската четворка и државите кои не се членки на ЕУ“.
Грчкиот министер истакна дека Грција не сака хуманитарна помош од Европа и додаде дека Атина подготвила вонреден план, кој е претставен на Европската комисија и на холандското претседателство со Унијата за справување со миграциската криза.
Ново на Сител
-

Кочовска: Синдикатите да се договорат со работодавачите за повисока плата
-

СДСМ: Како излегле 5 тони дрога од Македонија
-

Тече рокот за пријавување на штети од поплавите во Струмица
-

Сите работници не добиле К-15
-

Прекумерната употреба на антибиотици сериозна опасност по здравјето
-

Преглед на вестите од светот
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
