Мустафа: Сите договори меѓу ЛДК и ВВ паднаа во вода
Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа, по денешната конститутивна седница на новото косовско Собрание, изјави дека бил изненаден од предлогот на Движењето Самоопределување (ВВ) за претседател на Собранието и дека никој од неговата партија не очекувал дека ВВ ќе го предложи парламентарниот спикер од сопствените редови.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, реакцијата на Мустафа уследи по изборот на пратеникот на ВВ Глаук Коњуфца, на предлог на лидерот на таа партија Албин Курти, за претседател на новото Собрание на Косово.
Според најавите од двете партии победнички на парламентрните избори одржани на 6 октомври, тие имале договор за тоа претседател на заедничката влада да биде Курти, на ЛДК да му припадне позицијата на собраниски спикер, додека местата во владиниот кабинет да бидат поделени рамноправно, односно и ВВ и ЛДК да имаат по еден вицепремиер и по пет министри.
До застој во преговорите дојде откако ЛДК побара да ја добие позицијата на претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му истекне мандатот на Хашим Тачи на таа позиција. ВВ одговори дека, во замена за таа позиција, ЛДК треба да го отстапи местото на министер за внатрешни работи, како што било договорено во досегашните преговори меѓу двете партии, со што ЛДК не се согласи.
Мустафа денеска, пред конститутивната седница на Собранието, порача дека доколку ВВ не го испочитува договореното, неговата партија ќе премине во опозиција, но ќе ги гласа предлозите на партијата на Курти за собраниски спикер и за составот на неговиот владин кабинет.
– Секако треба да се направи нов договор во врска со одговорностите, но има потреба и за интервенции во владината програма, изјави Мустафа за телевизијата КТВ.
Тој порача дека сепак се уште не се затворени сите можности за постигнување договор за заедничка влада.
– И натаму се е отворено – и можноста да одиме во опозиција, при што ќе ја вршиме опозициската улога мошне добро и мошне успешно, изјави Мустафа.
Ново на Сител
-
Приведен дрвокрадец од скопско
-
Кремљ официјално ги потврди договорите за делумен прекин на огнот
-
Зеленски: Ако Русија го прекрши договорот, Украина ќе бара санкции и оружје
-
Велешанец на фан страна на национална телевизија објавувал коментари со омраза
-
46-годишна жена од Скопје го пријавила сопругот кој подолго време ја следел и ја вознемирувал
-
Уапсен турски државјанин кој превезувал брендирана текстилна стока без документација
-
Папата Франциск беше толку блиску до смртта што лекарите размислуваа да го прекинат лекувањето
-
Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта