Свет
23. November 2015 - 18:19

Мустафа: ЕУ е загрижена поради ситуацијата на Косово

Европската унија изрази голема загриженост поради ситуацијата на Косово, изјави премиерот Иса Мустафа за време на својот престој во Брисел.

Мустафа на владината седница истакна дека основна причина за неговата посета на Брисел е прашањето за либерализација на визниот режим, а од официјалните претставници не побарал олеснување како подарок за косовските граѓани туку како резултат од исполнување на критериумите.

Тој додаде дека на крајот од годинава очекува позитивен извештај, како и следната година граѓаните на Косово да почнат да се движат слободно, без визи.