Мустафа: Да се промени форматот и да се забрза дијалогот меѓу Белград и Приштина
Косовскиот премиер Иса Мустафа смета дека форматот на дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да се измени и оти е потребно тој да се забрза.
Мустафа во интервју за порталот Телеграфи изјави дека смета оти тој дијалог би требало да биде подинамичен, со јасни временски рамки и цели, јави Танјуг.
На прашањето дали би требало да се промени форматот на дијалогот меѓу Белград и Приштина Мустафа рече дека таа одлука ќе биде донесена во координација со европските партнери.
- Постои простор нашите делегации да биде сеопфатни, вклучувајќи ги членовите на опозицијата и граѓанското општество и дијалогот да биде завршен во блиска иднина, рече Мустафа.
Говорејќи за отстранување на потпорниот ѕид во северна Косовска Митровица, наместо кој ќе биде изградена потпорна конструкција, Мустафа тврди дека тоа прашање е решено во разговори со општинското раководство, а не со властите во Белград.
Кога станува збор за демаркацијата со Црна Гора, Мустафа изјави дека спогодбата ќе биде предадена на Собранието кога надлежната комисија ќе ја заврши својата работа.
Ново на Сител
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем
-
Руте: Време е за војна – вака треба да размислуваме
-
Преглед на вестите на светот
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите