Муслиу: Србија гради воена база на границата со Косово
Пратеничката на Демократската партија на Косово, Ганимете Муслиу, изјави дека безбедносната состојба на северот на државата е кревка, додека Србија гради воена база во областа Извор, во близина на границата со Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Муслиу, кој е и претседателка на парламентарната комисија за надзор врз работата на Косовската разузнавачка агенција (АКИ), во обраќање пред медиумите по денешната седница на комисијата рече дека АКИ забележала зголемено присуство на српската војска во близина на границата со Косово.
– Сакам со потполно убедување да истакнам дека АКИ заедно со полицијата беа на висина на својата задачи и ја извршија совршено и навреме.
Како што знаете, Србија имаше територијални претензии и имаше претензии да ја одржи кризата во полза на интересите на Русија.
Нешто ново што го добивме од АКИ е зголеменото присуство на српската војска на границата и дека во близина на Извор се гради воена база, изјави Муслиу.
Ново на Сител
-
Продолжен притвор
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторите се борат за сите пациенти