-->
-->
Муслин нов селектор на Србија
-->
Славољуб Муслин е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Муслин на селекторската функција ќе го наследи Радован Чурчиќ кој поднесе оставка пред десетина дена.
Српските медиуми изминатиот месец шпекулираа дека Муслин ќе биде новиот селектор, а тоа во четвртокот го потврди стручниот совет на Фудбалскиот сојуз на Србија, на чије чело се наоѓа претседателот на сојузот Томислав Караџиќ.
Муслин ќе биде деветтиот селектор на Србија во последната деценија, а своето деби ќе го има на 25.мај, кога Србија ќе одигра контролен натпревар со селекцијата на Кипар.
Муслин во кариерата ги предводел француските клубови Брест, Бордо, Ланс, Ле Ман, мароканскиот Видад, бугарскиот Левски, украински Металург Доњецк, потоа Химки, Амкар и Краснодар во Русија, кипарски Анортозис, белградска Црвена ѕвезда, белоруски Динамо, односно Локерен и стандард Лијеж каде изминатата есен доби отказ.
Србија не успеа да се пласира на Европското првенство во Франција, а во квалификациите за Светското првенство во 2018 година ќе игра во група со Република Ирска, Австрија, Велс, Грузија и Молдавија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Упатство на ДИК за независните ќе биде без број на потписи и без заверка од нотар
-
Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра преку тендери
-
Не исправна е одлуката на министерот за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора тврди претседателот
-
1.118 матуранти неделава повторно на „жешките“ столчиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот Мицкоски очекува ДИК преку правилник да ги прецизира критериумите и начинот на собирање граѓански потписи за независна кандидатура
-
Охридско лето сцена за најдобрите уметници
-
Преглед на вестите од светот